četvrtak, 25. listopada 2012.

she's lost control

she is a maniac


Некогаш имав опсесивен страв од врзувањето. Заради стравот дека ќе бидам напуштена. Заради патернот на смртта. И колку повеќе се плашев толку посилно се врзував и толку беше поголема болката при раскинувањето на врските. Се разбира никој не сака да се врзува со будала која е изгубена во просторот и времето и не знае како да излезе на крај со својата природа на нимфа којашто  од своите пријатели прави манијаци што ретко можат да ја задоволат и секогаш ја оставаат во мигот кога ѝ е најубаво.
Но денес ми се случува нешто многу чудно. Можеби тоа доаѓа со годините. Во еден миг надојде толку силна болка, што мојот страв стана сосема неважен. Престанав да пружам отпор. Срцето наеднаш се отвори и од него почнаа да излегуваат сите што биле заробени таму долго, подолго одошто времето може да ги врами во своите смртни категории на условувачки односи. Маскирани како некои потреби и задоволства без кои (замислуваш дека) не би можел да дишеш.
Наеднаш сфатив дека не било важно кој влегува, туку ШТО ИЗЛЕГУВА

Nema komentara:

Objavi komentar